Почетна » Новости » Истражувања » Сè повеќе мажи и жени практикуваат анален секс

Сè повеќе мажи и жени практикуваат анален секс

Универзитетот во Индијана спроведе едно од најголемите истражувања за сексуалното здравје. Во истражувањето спонзорирано од компанијата што ги произведува кондомите Trojan учествувале скоро 6000 лица на возраст од 14 до 94 години.

Основна цел на ова големо истражување било да се дознае повеќе за сексуалното однесување на луѓето во денешно време, затоа што најголем дел од податоците што се на располагање се застарени и потекуваат од 90-тите години.

СексЖените имаат оргазам поретко отколку што мислат мажите

Според резултатите од истражувањето, мажите мислат дека почесто ги задоволуваат своите партнерки отколку што тоа навистина го прават. Дури 85% од мажите изјавиле дека нивните партнерки доживуваат оргазам за време на повеќето од нивните сексуални односи. Но, кога жените биле запрашани за истото, само 64% од нив одговориле дека навистина е така.

Ваквите резултати покажуваат дека недостига комуникација помеѓу сексуалните партнери, сметаат експертите. Или жените глумат оргазам или мажите не прашуваат и не забележуваат дали нивната партнерка го доживеала врвното задоволство.

Исто така било заклучено дека мажите пружаат орален секс скоро исто колку што добиваат, што досега не било така.

Околу 60% од мажите, а скоро 50% од жените на возраст од 20 до 30 години мастурбирале сами во текот на последниот месец.

Експертите тврдат дека денес луѓето се многу поотворени кога станува збор за сексот и се многу посклони да експериментираат.

Денес дури 40% од мажите и жените во нивните дваесетти и триесетти години практикуваат анален секс. За споредба, во 90-тите години само 20-25% од луѓето имале анален секс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.