Жените сакаат да имаат убава работа и да градат кариера, но ако можат да си дозволат, тие претпочитаат да останат дома со своите деца.
Резултатите од ново истражување на YouGov (интернационална фирма за проучување на пазарот) покажале дека најголем дел од жените сакаат да имаат маж кој заработува повеќе и да имаат можност да седат дома и да ги воспитуваат децата.
Повеќе од половината, т.е. 64% од жените изјавиле дека посакуваат да имаат маж кој заработува повеќе од нив, а ниту една жена која учествувала во истражувањето не сакала да има маж кој заработува помалку.
Дури 69% од жените би останале дома со своите деца ако парите не им претставуваат проблем.
Сепак, тоа не значи дека жените не се амбициозни или дека не се мотивирани да се надградуваат професионално. Само 19% од жените изјавиле дека сакаат нивниот партнер да е подобро образован од нив, а 62% откриле дека сакаат партнер со кого се на исто интелектуално ниво.