Почетна » Новости » Истражувања » Контрацептивните пилули може да ја намалат желбата за секс

Контрацептивните пилули може да ја намалат желбата за секс

Многу гинеколози веќе долго време го сврзуваат намаленото либидо со употребата на контрацептивни пилули. Најновото истражување во оваа област ја потврди таа поврзаност.

Германски научници докажале дека жените кои користат контрацептивни пилули го зголемуваат ризикот да ја изгубат желбата за секс, затоа што оралната контрацепција значително ја намалува способноста за чувствување на сексуална возбуда.

контрацептивни пилулиЖените кои користат контрацептивни пилули го зголемуваат ризикот да ја изгубат желбата за секс.

Научниците веруваат дека синтетичките хормони на контрацептивните пилули, кои ја сопираат овулацијата, го намалуваат и нивото на тестостерон, кој е неопходен за зголемување на машкото и женското либидо.

Во истражувањето учествувале 1086 жени, од кои 97% биле сексуално активни во последниот месец, а 87% имале користено контрацептивни пилули во последните 6 месеци. Било проценето дека една третина од учесничките се изложени на ризик за појава сексуална дисфункција, која се карактеризира со намалено либидо.

Учесничките кои користеле контрацептивни пилули страдале почесто од сексуална дисфункција, во споредба со учесничките кои користеле други контрацептивни средства како кондоми.

Научниците откриле и дека сексуалниот однос без заштита не му помага на женското либидо. Жените кои не користеле заштита биле посклони кон сексуална дисфункција и намалено либидо, во споредба со жените чии партнери користеле кондоми.

Претходни истражувања во оваа област покажале дека контрацептивните пилули водат до намалување на желбата за секс кај една од секои шест жени кои ги користат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.