Почетна » Новости » Истражувања » Жените би се откажале од богатство за да изгледаат помлади

Жените би се откажале од богатство за да изгледаат помлади

Во минатото, кога жените ќе го прославеле својот 40-ти роденден, веќе не чувствувале толку голем притисок да изгледаат убаво. Но, сега тоа се менува и сè повеќе жени се опседнати со тоа да изгледаат помлади.

Убава женаПеттина од жените од 40 до 60 години би си направиле фејслифтинг ако не им се проблем парите

Желбата за подобар изглед ги принудува жените да ја разгледуваат и опцијата за пластична операција. Најновото истражување на Superdrug покажало дека просечната жена ја смета 52-рата година од животот како идеален период за пластична операција.

Колку на жените им е важно да изгледаат помлади покажува и податокот што третина од учесничките во истражувањето повеќе би сакале да изгледаат 20 години помлади, отколку да бидат милионерки.

Доколку парите не би им претставувале проблем, една петтина од жените на возраст од 40 до 60 години би си направиле фејслифтинг за да ги покријат знаците на стареење.

Од жените кои би сакале да си направат операција, најголем дел би се подложиле на процедура за намалување на стомакот, а околу 25% би направиле операција за измазнување на брчките.

Дури и третина од жените кои не сакаат да си направат пластична операција признале дека би сакале третман со ботокс или хемиски пилинг за да изгледаат помлади.

Во истражувањето учествувале 3000 жени на возраст од 40 до 65 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.