Почетна » Новости » Истражувања » Вежбањето двојно го намалува ризикот од настинка

Вежбањето двојно го намалува ризикот од настинка

Ниските температури се причина повеќето луѓе во овој период од годината константно да се хранат здраво со храна која го зајакнува имунитетот, да пијат чаеви и да внесуваат доволно витамини со цел да се заштитат од грип и настинка.

Но, постои уште нешто што помага многу во превенцијата од настинка, а тоа е вежбањето.

АеробикФизичката активност помага во превенцијата од настинка

Американски истражувачи откриле дека луѓето кои вежбаат редовно настинуваат поретко, односно дека физичката активност го намалува ризикот од појава на настинка скоро со 50%.

За нивното истражување тие побарале од 1000 луѓе на возраст до 85 години да водат евиденција за секоја појава на симптоми на настинка (како кашлање, кивање) во текот на есента и зимата 2008г.

Учесниците биле испрашувани за тоа колку често вежбаат, каква храна консумираат и дали се изложени на стрес.

Резултатите покажале дека луѓето кои практикувале редовна физичка активност (барем 5 дена неделно) покажале симптоми на настинка 5 дена во текот на 3-месечниот период во кој било спроведено истражувањето. А луѓето кои не биле активни, во истиот период имале симптоми на настинка 9 дена.

Истражувачите тврдат дека оние кои редовно вежбаат дури и да настинат полесно ги поднесуваат симптомите на настинка. Тие потсетуваат и дека консумирањето на овошје и минимизирањето на стресот се исто така важни за заштитата од настинка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.