Почетна » Новости » Истражувања » 2 во 1 – чоколадо што се бори против брчки

2 во 1 – чоколадо што се бори против брчки

Ах, чоколадо... Жените го обожаваат и страдаат кога мора да се лишат од него за да ја зачуваат убавата фигура. Многу истражувања досега го потврдија позитивниот ефект што го има чоколадото за намалување на срцевите болести и спречување на мозочен удар.

Секојдневно научниците се обидуваат да пронајдат начин на кој што чоколадото ќе ни достави поголемо задоволство, подобро здравје, а помалку калории. Нивната инвентивност оди дотаму што откриваат и како да ни донесат други бенефиции, освен големото задоволство и здравје.

Чоколадо против брчкиЧоколадото Acticoa, коешто помага против стареење на кожата.

Замислете си, веќе има чоколадо кое се бори против брчки. Истражувањата покажале дека само две коцкички од ова чоколадо дневно можат да го забават процесот на стареење и да ја зачуваат кожата мазна и без брчки.

Тајната на ова чоколадо е што содржи многу антиоксиданси коишто ги убиваат слободните радикали создадени од пушењето, загадувањето и кофеинот, кои се најголеми виновници за забрзување на процесот на стареење.

Чоколадото се нарекува Acticoa и го произведува една од најголемите компании за производство на чоколадо. Од компанијата тврдат дека 20гр. од ова чоколадо дневно делуваат превентивно против брчките и ја прават кожата сјајна со поголема еластичност и хидратација.

Звучи премногу добро за да биде вистинито.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.