Почетна » Новости » Истражувања » 10 причини поради кои може да останете без Фејсбук пријатели

10 причини поради кои може да останете без Фејсбук пријатели

Најголема веројатност да останат без онлајн пријатели на најпопуларната социјална мрежа имаат токму најголемите зависници од Фејсбук.

Причината е што на нивните пријатели им е здодеано од постојаните банални апдејти што ги прават.

Жена пред лаптопНикој не сака постојано да чита досадни и глупави статуси на Фејсбук од неговите пријатели

Истражувачи од Универзитетот Колорадо анализирале 1500 Фејсбук профили за да ја пронајдат причината поради која се отстрануваат пријателите.

Резултатите од истражувањето покажале дека најчестата причина поради која некој ќе сака да ве избрише од листата на Фејсбук пријатели е честото менување на статусот и честите постови, затоа што никој не сака постојано да чита што појадувате или да чита по 100-ти пат кој е вашиот омилен пејач. Подолу се дадени останатите причини поради кои некој може да го притисне копчето „Отстрани од пријатели“ на вашиот профил.

Инаку, од сите кои избришале некој Фејсбук пријател, дури 57% го направиле тоа поради нешто што се случило онлајн, а само 27% поради нешто што се случило во реалниот свет.

Топ 10 причини поради кои може да ве отстранат од пријатели

  1. Досадни постови
  2. Пречесто менување на статусот
  3. Суровост и нељубезност
  4. Расистички коментари
  5. Политички ставови
  6. Религиозни ставови
  7. Крај на врска или пријателство (онлајн и офлајн)
  8. Расправија (офлајн)
  9. Расправија (онлајн)
  10. Ако сте родител кој премногу си го пика носот во приватноста на вашето дете

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.