Почетна » Новости » Занимливости » Хигиеничар конечно може да се пензионира на 80 години благодарение на добрината на луѓето

Хигиеничар конечно може да се пензионира на 80 години благодарение на добрината на луѓето

Некои стории ја враќаат вербата во човештвото.

Таква е приказната за господинот Џејмс, пензионер кој бил принуден да си ги прекине пензионерските денови и да работи како хигиеничар во училиште за да ја исплати зголемената кирија. Приказната за 80-годишниот жител на Тексас се рашири низ светот откако беше објавен апел за помош од страна на средношколци кои сметаат дека Џејмс е најслаткиот старец на светот.

Господин Џејмс

Еден од учениците на TikTok објави видео од господин Џејмс заедно со апел на GoFundMe кои брзо станаа вирален хит на интернет.

@grey.thurman Go fund me is in the bio! My classmates and I hate seeing Mr. James here, no one his age should have to be cleaning our messes up to continue to live. #fyp#school#gofundme#fy#mrjames ♬ snowfall - Øneheart & reidenshi

„Со моите соученици мразиме да го гледаме господин Џејмс тука. Никој на негова возраст не треба да ни го чисти нередот за да продолжи да живее“ – напиша средношколецот Грејсон.

Првичната сума која сакале да ја соберат била 10 илјади долари, но за само два дена луѓето донирале над 28 илјади долари. Поради тоа, тие ја зголемиле сумата на апелот за да го обезбедат Џејмс доживотно.

За само 6 дена се собрани повеќе од 140 илјади долари, па господин Џејмс конечно може мирно да ужива во пензионерските денови.

Господин Џејмс

„Мислам дека никој не треба да излегува од пензија за да преживее. Никој не заслужува да работи цел живот. Тој заслужува да ужива во сé“ – рекле средношколците.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.