Сите сме понесени од еуфоријата создадена околу нашите кошаркари кои деновиве во Литванија ги испишуваат страниците на историјата на македонскиот спорт.
„Херои во нашите срца“ – е слоган на постерот поставен на сити лајтот пред маркетинг агенцијата Меккен Ериксон.
Инспирирани од храбрата, пожртвувана и пред сè, игра со срце и душа, вработените во Меккен преку креирањето на овој постер, на свој начин ја искажуваат својата подршка на нашата кошаркарска репрезентација.
Во неверојатно кратко време од поставувањето на постерот на ФБ страната на Меккен, илјадници луѓе го постираа на своите профили и ја заменуваа својата фотографија со постерот. Постерот го прифатија како симбол на заедничката поддршка.
Моќта на дизајнот, споена со искрени емоции, создаде дело кој го изразува она кое сите го мислиме: вие сте спортските херои на нашите големи срца, напред Македонијо!