Со цел да ја долови реалноста за животот со мало дете, блогерката Илана Вајлс создаде Instagram профил посветен на родителите.
На профилот „Average Parent Problems“, мајки и татковци од сите страни од светот споделуваат фотографии од своите мали палавковци покажувајќи ги бељите кои тие секојдневно ги прават.
„Се надевам дека другите родители ќе се поврзат со фотографиите, ќе се чувствуваат дека се во добро друштво и ќе ја гледаат забавната страна на нашите секојдневни борби“ – изјавила Илана за The Huffington Post.