Бидна и првиот „Ајс бар“ - вистинско глобално разладување ја зафати Македонија. Цели 11 дена, почнувајќи од 19-ти па сé до 30-ти јули, караванот на Nescafé Frappé ги освежуваше Македонците, инаку познати како „најголемите кафеџии во Европа“. По 6-те дена во Скопје, разладувањето го доживеаа и кумановчани, струмичани и битолчани, за своето финале NESCAFÉ „Ајс барот“ да го презентира пред охриѓани и нивните туристи.
Со својот интересен „замрзнат“ ентериер и форма, барот привлече десетици илјади посетители на сите локации. Еве како тоа изгледаше во бројки:
- Направени беа 11.300 кафиња Nescafé Frappé
- Се потрошија 779 литри вода
- 282 литри млеко
- 489 кг. мраз
За крај интересен факт: ако сметаме дека една цевка е долга 20 cm и тоа го помножиме со потрошените 11.300 кафиња, значи се искористиле вкупно 2,26 km цевки во должина. Народски кажано, тоа е приближно колку должината на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Промотивен текст