Мојсеј Хамилтон е парализиран уметник од Хаваи кој слика со помош на својата уста.
Неколку месеци по несреќата, Хамилтон дишел благодарение на апарат. Додека лежел на болница, Мојсеј дознал за програма која им помагала на парализирани лица да научат како да сликаат со своите усни. Така тој открил дека поседува посебен талент и оттогаш не престанал да создава прекрасни уметнички дела.
Колоритните дела на Хамилтон се инспирирани од неговата љубов кон животот, океанот, музиката и хавајската култура.



„Сликањето ми помага да се чувствувам многу поврзан со мојата околина и надворешниот свет. Со мојата уметност чувствувам дека сè уште имам силна поврзаност со физичкиот свет, а со моите дела сакам да ја споделам мојата голема љубов и ентузијазам за животот“ – изјавил Мојсеј за Newsivity.
















