Сигурно ниту еден крадец на светот не би се осмелил да влезе во домот на Мајкл Џејмисон и неговата девојка Џеки Смит ако знае што го очекува таму. Тие чуваат вкупно 14 кучиња, но нивното петнаесетто милениче е најопасно. Низ домот на Џеки и Мајкл во Јужна Африка слободно се движи бенгалски тигар кој тежи 170 килограми.
Авантуристички настроените сопственици го купиле тигарот Ензо кога тој имал само девет месеци. Но, откако секој ден во текот на една година јадел по 5 килограми месо, Ензо од мало слатко тигарче се претворил во страшен тигар.
Мајкл го храни големиот тигар со млеко и храна за мачки, а Ензо обожава да се храни додека е качен на кујнската маса.
„Тоа што го имаме Ензо е неверојатно. Не можам да го споредам со ништо друго затоа што секој ден е различен“ – изјавил 37-годишниот бестрашен сопственик на Ензо.
Ензо спие веднаш до креветот на Мајкл и Џеки, исто како да е дел од семејството.
Мајкл и Ензо редовно си играат, но нивните игри кријат голема опасност. „Играњето со тигар може да биде навистина опасно. Ако те зафати на погрешно место, макар и да не те гризне, може да те изгребе со забите и ќе ти протече крв. Се помирив со тоа: секогаш кога играм со него, подготвен сум да прокрварам малку“ – раскажал Мајкл.
Погледнете како изгледа една нивна игра: