Веќе неколку дена на интернет кружи фотографија од жена на чиј грб има тетоважа од измет. Според неофицијалната вест која стотици сајтови ја објавија, Рози Бровент ја добила тетоважата од своето бившо момче како одмазда откако го изневерила, па таа го тужела и барала од него оштета од 100.000 долари.
Наводно тату артистот Рајан Фицџералд дознал дека Рози го изневерува, но наместо да се соочи со неа, тој смислил „генијален“ план. Ја опијанил Рози и ѝ ветил дека ќе ѝ истетовира сцена од „Нарнија“. Сепак, крајниот изглед на тетоважата бил нешто сосема поразлично.
Рози наводно се обидела да го тужи Рајан, но бидејќи тој ја натерал да потпише согласност, тужбата пропаднала.
Вистината е дека фотографијата постои од 2009 година и е објавена на повеќе блогови за најлоши тетоважи. Веста очигледно е лажна, но побуди толку голем интерес кај интернет публиката што се распространи молскавично.