За помалку од еден месец најмалото коњче на светот ќе наполни една година. Младиот Ајнштајн уште по раѓањето на 22 април минатата година предизвика огромен интерес и привлече илјадници луѓе кои патуваа до Њу Хемпшир само за да го видат.
Минијатурното коњче имаше и можност да гостува во шоуто на Опра и многу други популарни емисии низ светот, па по повод неговиот прв роденден сопствениците планираат да издадат книга во која ќе биде опишан неговиот возбудлив живот.
„Ова беше неверојатна година за нас и за Ајнштајн... Се надеваме дека книгата ќе ја задоволи желбата на луѓето да го видат Ајнштајн и неговиот сладок и невообичаен живот“ – изјавил Чарли Кантрел кој го одгледува малиот коњ заедно со неговата жена Рејчел.
Ајнштајн е висок само 50,8 сантиметри, но сè уште не може да добие признание за најмал коњ на светот од Гинис, затоа што е неопходно прво да наполни 4 години. Сепак, неговите сопственици се скоро убедени дека Ајнштајн престанал да расте.
Токму поради тоа што е толку мал, Ајнштајн не може да се дружи со другите коњи. Понекогаш тој има средби со голем црн коњ од соседството и најчесто се дружи само со кучето Лили.