На малите деца секогаш им е интересно да ги имитираат возрасните. Фотографката Триша Мазероу им ја исполни таа желба на неколку мали деца кои го копираа изгледот на холивудските ѕвезди од црвениот тепих на „Златен глобус“.
На интересните фотографии децата го копираат стилот на Ен Хетавеј, Џорџ Клуни, Стејси Киблер, Тејлор Свифт, Хали Бери, Луси Лу и Кери Вашингтон.
Ова не е првпат Триша да создаде мини-верзии на славните. Таа и минатата година го пресоздаде црвениот тепих од „Златен глобус“, копирајќи го стилот на Анџелина Џоли, Бред Пит, Софија Вергара, Селма Хајек, Мишел Вилијамс и Шарлиз Терон.