Слободно може да се каже дека фотографката Триша Мазероу е голема обожавателка на холивудските манифестации. Откако будно ќе ги проследи свечените настани, таа се инспирира од стајлингот на славните дами и создава детска верзија од модата на црвениот тепих.
Оваа година, Триша создаде мини-верзии од холивудските ѕвезди на Оскар, Златен глобус и Греми.
Блејк Лајвли, Бијонсе, Адел, Џенифер Лопез, Ријана и Вајола Дејвис се дел од дамите чии стајлинзи беа копирани од креативната Американка и нејзините слатки модели.