Едногодишно дете со вкупно 34 прсти на рацете и нозете влезе во Гинис. Кога Акшат Саксена се родил минатата година, имал по седум прсти на рацете и по десет на нозете.
„Бев многу среќна што го гледам моето бебе, затоа што тоа беше наше прво дете. Но, подоцна, кога ги видов прстите, бев шокирана и изненадена“ – изјавила мајката на детето.
Оттогаш докторите имаат направено неколку операции за да ги отстранат дополнителните прсти. Бидејќи малото дете било родено без палци, докторите сега се обидуваат да создадат палци од отстранетите прсти.
Претходниот рекорд го држеше момче од Кина кое имало 15 прсти на рацете и 16 на нозете.