Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Дезенираните хулахопки за мажи стануваат сè попопуларни

ФОТО: Дезенираните хулахопки за мажи стануваат сè попопуларни

Хулахопките веќе не се само за претставничките на понежниот пол. Очигледно сè повеќе мажи решаваат да ги вклучат во својата гардероба и тоа не само како начин за затоплување на телото, туку и како модна изјава.

Емилио Кавалини, еден од најпознатите дизајнери на хулахопки, тврди дека 2-3% од неговите клиенти се мажи. Кавалини продава околу милион пара хулахопки годишно, што во превод значи дека мажите само од неговиот бренд купуваат 20.000-30.000 пара хулахопки.

Унисекс хулахопки од Емилио Кавалини

Иако најпродавани се еднобојните црни хулахопки, особено голем хит се и дезенираните хулахопки. Кавалини вели дека мажите во европските држави не само што не се срамат да носат хулахопки, туку и ги носат со кратки панталони за да го покажат својот модерен стил.

Унисекс хулахопки од Емилио Кавалини

„Кога започнавме со нашата онлајн продавница, забележавме дека многу од хулахопките со големина medium-large се купувани од мажи... Сите мажи од мојата компанија, вклучително и јас, тестиравме различни хулахопки за да оцениме колку се комфорни и направивме концепт за креирање на хулахопки кои ќе можат да ги носат и мажите и жените“ – изјавил Емилио.

Неговата унисекс линија е составена од хулахопки кои се поеластични и произведени на начин кој ѝ дозволува на кожата подобро да дише, бидејќи мажите повеќе потат од жените.

Унисекс хулахопки од Емилио Кавалини

Модната индустрија обожава да игра на границата помеѓу мажествено и женствено. Денешните трендови ги упатуваат жените да крадат инспирација од машкиот стил на облекување, па можеби не треба да не изненади што мажите решиле да украдат нешто од нашиот стил.

Жените масовно го изразуваат незадоволството од популаризирањето на машките хулахопки и речиси сите се согласуваат дека мажите во хулахопки воопшто не се привлечни и дека треба да останат само во хумористичните филмови.

Ние велиме едно големо „НЕ“ за машките хулахопки. А вие?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21913 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.