Во замокот Виндзор започна божиќното украсување и веќе се чувствува празнична атмосфера.
Еден месец пред католички Божиќ, беше поставена грандиозна новогодишна елка која доаѓа од градината на замокот и е висока 6 метри. Истата е декорирана со стотици лампиони, 3.000 сијалички и виолетови сатенски и кадифени ленти.
Ова е прва празнична сезона откако кралот Чарлс III го презеде тронот по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета II.
Погледнете ги првите фотографии од украсувањето кои навестуваат полн божиќен блесок.
Познато е и како ќе изгледа кралската трпеза во најголемата просторија во замокот.