Германецот Мартин Шелер е најпознат по портретите на славните личности како Анџелина Џоли, Бил Клинтон, Џорџ Клуни и Барак Обама. Но, неговите дела со некои од најсилните жени во светот исто така оставија голем впечаток, појавувајќи се низ најразлични галерии низ светот.
Познатиот фотограф направи серија фотографии од бодибилдерки, покажувајќи го нивниот горен дел од телото и лицето. Шелер ги фотографира бодибилдерките на различни натпревари уште од 2003 година со цел да проучи зошто жените би поминале низ сите тие тренинзи и подготовки за да го направат својот изглед што поекстремен.
Преку своите фотографии тој не сака само да го сврти вниманието кон посветеноста на овие жени кон создавањето на мускулесто тело, туку и да ги прикаже како одраз на денешната модерна желба кај луѓето за големина, агресија и внимание.
„Се обидувам да ја покажам ранливоста што ја гледам и чувствувам кога сум со нив, се обидувам да ги откријам комплексните емоции зад маската на екстремниот физички израз. Овие жени се одраз на модерниот глад за големина, агресија и внимание по секоја цена. Живееме во ерата на Големината“ – изјавил Мартин.