Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 80 деца си ги избричија главите во знак на поддршка на соученичка болна од рак

ФОТО: 80 деца си ги избричија главите во знак на поддршка на соученичка болна од рак

Осумдесет деца си ги избричија главите во знак на поддршка на соученичка болна од рак, која по една година лекување, повторно се враќа во училишните клупи.

Марли и КамеронМарли и Камерон

На 9-годишната Марли Пек ѝ бил дијагностициран алвеоларен рабдомиосарком пред една година и ова било првпат таа да може да се врати повторно на училиште.

Камерон МакЛаулин сакала да направи нешто за да ја расположи својата најдобра пријателка Марли, па одлучила да си ја избричи главата. Кога ѝ го соопштила тоа на Марли, широка насмевка заблеснала од нејзиното лице. „Можеме да бидеме ќелави најдобри пријателки заедно“ – ѝ рекло болното девојче.

Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави

Добронамерната идеја се проширила низ целото училиште и 80 доброволци се пријавиле за да го направат истото.

Покрај 80-те ученици, на настанот „Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави“, се вклучија и три учителки, двајцата директори и мајка на ученик.

Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави

„Не мислев дека толку многу луѓе ќе си ги избричат главите, но се чувствувам добро за тоа што се враќам повторно во училиште и што нема да бидам единствената ќелава“ – рекла Марли.

Од продажбата на косата биле собрани 25.000 долари и биле донирани за „St. Baldrick's Foundation“, организација која поддржува истражувања за ракот кај децата.

Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.