Почетна » Новости » Занимливости » Фитнес инспирација: 75-годишна „кросфитерка“ докажува дека годините се само обична бројка

Фитнес инспирација: 75-годишна „кросфитерка“ докажува дека годините се само обична бројка

Фит жена не се откажува од интензивните Кросфит тренинзи ниту во осмата деценија од животот и инспирира на социјалните мрежи.

Лорен Брузон е доказ дека возраста не треба да биде изговор за да не се вежба. Иако цел живот била физички активна, 75-годишната фитнес ѕвезда започнала да се занимава со Кросфит на 67 години. Таа сега тренира речиси секој ден и нема намера да престане, бидејќи како што вели, сака и на 90 години да оди сама во тоалетот.

Лорен Брузон Лорен Брузон Лорен Брузон
@akash247h #motivation #fitness # #FlexEveryAngle #workout #health ♬ KEEP GOING - Motivational Speech

„Сигурно не треба да дозволувате возраста или што било друго да ве спречува. Сè додека не се откажувате и правите нешто, ќе бидете наградени“ – вели таа.

Лорен стана хит откако нејзиниот тренер, Џејмс, сподели видеа од нејзините тренинзи.

„Ако ме прашавте пред 15 години, никогаш немаше да погодам дека ќе го правам ова. Мој пријател полека ме воведе во ова. Си реков ќе пробам, па ќе прекинам ако не ми се допадне. Малку е поинтензивно, но уживам во ова“ – рекла таа пред неколку години.

Лорен Брузон
@sportshider She is a BEAST (via mrjames_cpt / IG) #workouts #strong #beast #gym #foryou #foryoupage ♬ son original - Sportshider
Лорен Брузон Лорен Брузон

Брузон си зема слободни денови одвреме-навреме, но вели дека поради возраста нејзиното тело побрзо заборава, па затоа мора да биде физички активна секој ден.

„Среќна сум кога вежбам бавно. Поради мојата возраст не сакам да скршам нешто. Тешко зараснува“ – додала Брузон.

„Кај неа нема изговори и никогаш немало. Само ми вели дека ќе даде сè од себе“ – рекол тренерот Џејмс.

Лорен Брузон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20920 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.