Секоја година фотографите и фановите од источниот брег на Австралија се надеваат дека ќе го видат и фотографираат китот Мигалу.
Се проценува дека овој прекрасен воден џин има околу 30 години. Тој е еден од 35.000 грбави китови кои мигрираат секоја година од Антарктикот за да се размножат во топлите води на Источниот брег од Австралија. Но, што е она што го прави овој кит толку посебен? Овој уникатен кит веројатно е единствениот целосно бел (албино) кит кој живее во светот.
Видео
Мигалу е толку уникатен што е заштитен со закон. На 500 метри од него забрането е да поминуваат бродови, авиони и дронови. Овие закони се неопходни за да се заштитат ваквите ретки животни од неодговорноста на луѓето. Имено, во 2003 година, Мигалу бил удрен со брод и има лузни на грбот.
Првата фотографија од Мигалу била направена во 1993 година, но од неа не можело да се процени дали е целосно бел. Во 1998 година, било снимено неговото пеење, карактеристично за машките Грбави китови.