Почетна » Новости » Занимливости » Учителка се породи на школскиот паркинг откако доби контракции додека предавала на час

Учителка се породи на школскиот паркинг откако доби контракции додека предавала на час

Еден навидум нормален работен ден за Тори Хилдрет заврши сосем неочекувано. Учителката од Мејн се породи на школскиот паркинг откако породилните болки започнале да стануваат навистина сериозни.

Она што ја направи оваа случка уште поинтересна е тоа што на повикот за помош на местото пристигнал нејзиниот татко-пожарникар.

Приказната за овој „несовршено совршен момент“ топли срца насекаде ширум светот.

Семејство

Тори предавала на час кога започнале контракциите. Нејзините ученици биле загрижени и ја советувале да оди дома и да се одмори.

Така, Тори ја повикала мајка си, а додека се обидувала да влезе во автомобилот, почувствувала силни контракции.

„Планот беше да одам во болница, но застанав кај автомобилот и реков: ‘Мора да ми помине и оваа контракција пред да можам всушност да седнам во автомобилот. И таа контракција беше онаа која го донесе бебето на свет’“ – објаснила Тори. При породувањето помогнале и училишната медицинска сестра Џејн Керон и училишниот службеник Вили Кинг.

Бебенцето се родило тешко 2,8 килограми и го добило името Бела.

Семејство Семејство

„Кога се појави татко ми, започна да плаче. Јас и мајка ми бевме во шок. Тој беше првиот што одговори на повик за породување, кој беше всушност за неговата ќерка“ – рекла Тори.

„Капетан Мајк Хилдрет е првиот член на нашата противпожарна единица кој мораше да одговори на повик за породување и неговата ќерка беше таа која се породуваше“ – пишуваат од пожарникарната единица.

Семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.