Новите правила на однесување поради пандемијата и новиот начин на одржување на училишната настава може да бидат збунувачки и застрашувачки за малите деца.
Знаејќи дека физичкото дистанцирање ќе биде тешко за децата, посветена учителка од градинка во Тексас ги претвори училиштните клупи во возила, за да им го направи позабавен овој начин на функционирање.
Задолжителните проѕирни „штитови“ на секоја од клупите, Џенифер Бирч Пирсон ги транформираше во шофершајбни. За својата идеја, Пирсон добива пофалби од целиот свет.
Фотографијата ја сподели една мајка на Facebook и во описот напиша:
Нема игри. Маски цел ден. Два метри одвоени.
Кога ќе ги прочитате сите мерки за безбедност кон кои треба да се придржуваат децата, училиштето изгледа како застрашувачко место.
За среќа, има едукатори, како Џенифер Бирч Пирсон, учителка во градинка во Тексас, која ја направи училницата покомфорна за нашите мали ученици.
Погледнете како направи училишните клупи да изгледаат како куп камиони на пат. Таа дури и ги направи потребните штитници на работната површина да изгледаат како ветробрани.
Можеби ќе им биде тешко на оние ученици кои ќе влезат во оваа училница, но јасно е дека ќе бидат во рацете на грижлива учителка, а тоа е нешто за кое сите родители може да бидат благодарни.
Благодарност до сите учители кои даваат сè од себе за да направат нашите деца да се чувствуваат среќно и безбедно.
No playing. Masks all day. Six feet apart at all times. School seems like a frightening place, when you read about all...
Posted by Maybe I'll Shower Today on Wednesday, August 5, 2020