На децата им треба малку за да бидат среќни.
Ученици на сладок начин ѝ се заблагодарија на наставничката по српски јазик што им помогна да научат математика.
Во виралното видео направено во училиште во Белград, наставничката Светлана се радува кога ќе види дека нејзината катедра е полна со бонбони и чоколади во знак на благодарност што го одвои својот час за со нив да вежба математика пред писмената работа.
„Ви благодариме што одвоивте час за нас“ – стои во пораката од петтодделенците.
Клинци из одељења млађе V/2, почастили данас наставницу српског јер су јуче на њеном часу заједно и уз њену помоћ,вежбали задатке из математике пред писмени.
— Бојан Јанковић (@BojanJankovi) November 1, 2023
Очито су добро прошли !
И да,
Има наде ! pic.twitter.com/mleXFfiLkl
Видеото го сподели Бојан Јанковиќ и тоа брзо стана хит. Тој напиша:
„Децата од петто одделение денес ја почестија наставничката по српски јазик затоа што вчера на нејзиниот час заедно, со нејзина помош, вежбаа задачи по математика пред писмена. Очигледно добро поминаа. И да, има надеж“.