Жена од Њујорк стана интернет сензација откако во емисијата „Тркалото на среќата“ успеа да погоди фраза од која беше покажана само една буква.
Кејтлин Бурк погоди фраза од 7 збора, односно 27 букви, со помош на само една позната буква.
На 26-годишната Кејтлин доволна ѝ беше само буквата „Л“ за да ја погоди фразата „I've Got a Good Feeling About This“ (имам добро претчувство за ова).
Кога водителот побара објаснување за неверојатниот погодок, таа му одговори: „Имав добро претчувство за тоа, имав добро претчувство за тоа“.