Почетна » Новости » Занимливости » Тинејџер ја донираше долгата коса која ја растел од трето одделение за болни деца која ја изгубиле својата

Тинејџер ја донираше долгата коса која ја растел од трето одделение за болни деца која ја изгубиле својата

Тинејџер со големо срце му одржува на светот лекција за хуманост и емпатија.

Емилио Сантана започнал да ја расте својата коса во трето одделение, а сега, на 14-годишна возраст, одлучи да ја донира за болни деца кои ја изгубиле својата поради здравствени причини. Тој дури и собрал 1.500 долари за да ги покрие трошоците за изработка на периката.

Емилио Сантана Емилио Сантана

Хуманото момче било силно погодено и инспирирано да го направи овој гест кога видело девојче без коса на плажа пред неколку години.

„Започнав да ја растам мојата коса во трето одделение. Видов мало девојче на плажа. Ќе влегуваше во водата и ја извади капата од главата и заедно со неа излезе и косата. Се гледаше дека е тажно и засрамено и тоа многу ме погоди“ – рекол Емилио.

Моментот на плажа имал големо влијание врз него и тој одлучил да не се откажува од својата мисија, дури и кога добивал зајадливи коментари.

„Знаејќи колку голема улога можеш да имаш во животот не некој друг и да му донесеш радост, ме натера да преземам акција.“

„Дури и кога добивав коментари како тоа дека момчињата не треба да имаат долга коса и такви работи, одлучив дека сакам да го направам тоа ако видам некој како се смее и ако му го направам животот подобар“ – објаснил тој.

Емилио Сантана

Откако косата му достигнала околу 60 сантиметри, тој одлучил дека е време да ја подари.

„Пуштив неколку солзи“ – рекол тој за моментот кога ја скратил косата.

Неговите прамени отишле во непрофитната организација „Hair We Share“, која обезбедува перики од вистинска коса, донирана од хумани лица и бесплатно им ја подарува на оние кои ја изгубиле својата поради здравствени причини.

Емилио има специјална порака за оној кој ќе ја добие косата, а тоа е дека не само што неговата коса порасна, туку дека порасна и неговото срце.

„До личноста на која ѝ ја давам косата: Ти секако си прекрасна, со коса или без коса. Се надевам дека мојата коса ќе ти донесе радост и ќе стави насмевка на твоето лице“ – рекол тој.

Емилио Сантана Емилио Сантана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.