Почетна » Новости » Занимливости » Татковска љубов: Маж помина 48 километри низ пустош по ураган за да ја одведе ќерка си до олтарот на свадбата

Татковска љубов: Маж помина 48 километри низ пустош по ураган за да ја одведе ќерка си до олтарот на свадбата

Родителите прават сè за своите деца.

Посветен татко не дозволи ни ужасен ураган да го спречи да стигне да ја одведе својата ќерка до олтарот на свадбата.

Дејвид Џонс поминал 48 километри со автомобил и пешки по завршувањето на ураганот Хелена, само за да стигне на местото каде се одржувала прославата.

„Го направив тоа што би го направил секој татко“ – вели тој.

Дејвид Џонс

Џонс тргнал со автомобил до локацијата во Тенеси каде што била закажана венчавката, но тоа што во нормален период би било двочасовно патување, сега се претворило во долга и застрашувачка авантура.

По седум часови возење, Дејвид пристигнал на граничната линија со Тенеси, кога здогледал огромна редица од автомобили и полиција која забранувала секаков премин понатаму. „Отидов до командирот и му реков: ‘Господине, мора да одам во Џонсон Сити’, а тој ми одговори: ’Жалам, но не можете. Мостовите се надвор од употреба. Никој не може да помине’“ – открил Дејвид.

Тие му објасниле дека сите патишта се непроодни и дека има само еден мост кој сè уште стои, но не се знае колку е стабилен за да се помине со автомобил.

Во два часот по полноќ, Џонс го зел својот ранец на грб и тргнал пешки до местото на свадбата, која требало да започне во 11 часот претпладне.

Дејвид се соочил со многу лоши услови по патот, дури и заглавил во длабока кал. Тој ги извлекол нозете со патиките од калта и ползел додека да стигне до цврста земја.

„Холивуд не можеше да направи подобро сценарио. Пустошот и штетата од ураганот не се опишува со зборови“ – рекол тој.

Дејвид Џонс Дејвид Џонс

Дејвид сретнал многу полицајци по патот кои го убедувале да се откаже од својата мисија и да се засолни, но тој цврсто стоел на својот план. За среќа, приказната за него се распространила помеѓу полициските сужбеници и еден од нив решил да му помогне.

Тој го пронашол решителниот татко на патот и му понудил превоз до локацијата на свадбата. Џонс дотогаш имал пешачено 5 и пол часа.

За среќа, сè завршило во најдобар ред и Џонс пристигнал на свадбата на ќерка си. Церемонијата во црквата се одвивала на свеќи, бидејќи немало струја поради ураганот.

На свадбата, тој им порачал на младенците да ја паметат оваа приказна како потсетник дека секогаш треба да се штитат еден со друг, дури и во најтемните моменти.

Дејвид Џонс Дејвид Џонс Дејвид Џонс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.