Девојка сподели видео во кое се радуваше на купувањето на првата брендирана луксузна чанта во нејзиниот живот, но неочекувано наиде на исмејување.
Зои Габриел од Сингапур возврати на коментар со кој беше исмеана зашто рече дека чанта од 80 долари е луксузна. „Кој ќе ѝ каже?“ – стоеше во коментарот проследен со емотикон кој се смее со солзи.
@zohtaco thank you dad
♬ Glitch - Just audios
Во видео на TikTok, таа објасни дека потекнува од сиромашно семејство и дека чантата од татко си премногу ѝ значи.
„Парите се тема на која ми е најнеудобно да зборувам. Додека растев, немавме многу пари, моето семејство немаше многу пари. Не можевме да купуваме толку едноставни работи како што е лебот од BreadTalk. Тоа нешто за нас беше луксуз. Секојпат кога ќе поминевме покрај продавница, родителите ни велеа друг пат, но друг пат никогаш не доаѓаше“.
„За тебе, чанта од 80 долари можеби не е луксуз. За мене и за моето семејство е премногу и многу сум благодарна што татко ми имаше можност да ми ја подари. Работеше многу напорно за тие пари“ – вели Зои во видеото.
@zohtaco Replying to @cressy ♬ original sound - zoe
Но, кој последен се смее, најслатко се смее.
Видеото на Зои стана вирален хит на социјалните мрежи и таа не само што доби љубов од целиот свет, туку и допре до основачите на брендот Charles & Keith, кој ја потпишува чантата што си ја купи таа.
Тие ја поканија со татко ѝ на ручек и посета на седиштето на брендот. Потоа, тие објавија фотографија со која соопштија дека Зои е новиот бренд амбасадор.