Кени Доус од Белгија се шегува со саканата секојпат кога таа ќе праша дали децата се добро додека тој се грижи за нив.
Креативниот татко создава фотошопирани фотографии во кои ги става децата во опасни ситуации, а потоа истите ѝ ги испраќа на нивната мајка.
Оваа идеја кај Кени се роди откако неговата партнерка побарала фотографија од ќеркичката за да се осигури дека сè е во ред. „Додека работеше, таа постојано ми бараше фотографии за да провери дали бебето е добро. Тогаш одлучив да направам нешто забавно“ – рекол Кени.
Среќен роденден Аликс! Иако поради ковид имавме мала забава, супер си поминуваме!

Поминавме два дена на крајбрежјето на Белгија. Очигледно тука има неколку агресивни галеби. Ако некој го најде нивното гнездо со Астер во него, ве молам да ме известите.

Обожавам да готвам со тато.

Аликс одлучи да собере пари преку продажба на некои нови играчки. Да се надеваме дека нејзината продавница ќе биде успешна.

Благодарение на својата креативност и смисла за хумор, Кени исплети мрежа од 163 илјади следбеници на Instagram.
„Повеќето фотографии ми одземаат многу време. За да ги направам фотографиите што пореални, морам да бидам сигурен дека ситуацијата е реална и возможна. Тоа значи дека, за идејата да се оствари, мора да одеме на локацијата од фоотграфијата и да ги користиме предметите кои ми требаат. Понекогаш, може да додадам вештачка позадина или предмет, но тоа ќе направи фотографијата да изгледа лажно“ – вели Кени.
Тимската работа е најдобра. За среќа, тато знае како да фаќа.

Тато се плаши од вирусот, па нарачавме неколку вакцини онлајн.

Мама нè замоли да ја испереме облеката и да ја избањаме Астер. За среќа, тато е паметен и ги направи двете нешта истовремено.

Не треба многу за да уживаш во погледот. Тато секогаш внимава на опасностите на улицата.

Совршено време за скара!

Таа копа за да ја поставиме новата лулашка.

Во денешно време не можеш никаде да стигнеш поради сообраќајниот метеж.

Тато ме учи да возам велосипед. Не сум сигурна дали ова е најдобриот начин, но тато изгледа многу возбуден, па ајде да се обидеме!

Среќен Божиќ!

Внимателно, лизгав под!

Денес е совршен ден за прошетка!

Прв ден на мама на работа по породилното отсуство. Ме замоли да не заборавам да го нахранам бебето. Мислам дека добро се справив



