Бет Белшоу е талентирана мајка која ги користи своите вештини за секојдневно да им прави комплексни фризури на своите две ќеркички Аби и Бејли.
Профилот на Instagram Sweethearts Hair Store на кој Бет ги споделува своите дела, го следат над половина милион корисници на популарната социјална мрежа. Најголем дел од детските фризури вклучуваат плетенки, панделки и цветни додатоци.
Талентираната Британка споделува и кратки туторијали за почетници, од кои може да учи секоја мајка за да ја дотерува својата ќерка.