Принцот Хари и Меган Маркл пред помалку од еден месец ја објавија својата свршувачка. Шармантниот пар објави две официјални веренички фотографии.
На портретите, 33-годишниот претставник на британското кралско семејство и 36-годишната холивудска актерка позираат прегрнати, а од раката на Меган блеска прстенот со кој тој ја побара за жена.
Фотографиите се дело на Алексиј Љубомирски, а сигурно ќе се сложите дека црно-белата фотографија зрачи со љубов и милост.
По својата веридба во декември 2010 година, и принцот Вилијам и војвотката Кетрин објавија официјални портрети.