Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина наполнија 10 месеци.
Четворката од Штип изгледа неодоливо на фотографиите кои родителите Благица и Александар Зикови ги споделија на социјалните мрежи. По повод овој важен датум, слатките бебиња беа претворени во сладоледи.
„Среќна десетка. Две рачиња по пет прстиња и ете наполнивме десет месеци“ – напишаа родителите.
Четирите бебиња се родија во октомври минатата година.
Благица и Александар ги добија своите малечки по четири години борба со неплодноста.
„Четири години се боревме со неплодност. Првото инвитро ни беше неуспешно и по две години пак се одлучивме да пробаме... Како што велат постарите: ‘Ако желбата ти е голема, Господ ти подарува’“.
„Тоа чувство не може да се опише со зборови. Волшебно нешто. Прекрасно, радосно, необјасниво чувство, само си реков во себе: ‘Ти благодарам Боже за овој дар што ми го подари да станам мајка на четири дечиња истовремено’“ – рече Благица за Femina.mk.