Почетна » Новости » Занимливости » Среќата е во тоа што го јадеме – откријте со кои хранливи комбинации може да се чувствуваме поубаво

Среќата е во тоа што го јадеме – откријте со кои хранливи комбинации може да се чувствуваме поубаво

Серотонинот е клучен елемент на човечкиот организам и, иако не можеме да го внесеме со исхраната, нутриционистката Симона Коруновска и dm ни откриваат како тоа што го јадеме влијае врз неговото функционирање

Можеме да влијаеме на начинот на кој се чувствуваме и тоа токму преку исхраната. Кога станува збор за хормонот на среќа, значаен придонес има тоа што го јадеме. Овој хормон не можеме да го внесеме директно преку храната, но преку комбинација на јаглехидратите со аминокиселината триптофан, секој од нас може да придонесе да се чувствува поисполнето и позитивно. Притоа, за да се постигне ова, особено значаен е и нашиот генерален пристап и избор на храна што ја консумираме.

dm bio

Aминокиселината триптофан, од која потоа во организмот се синтетизира серотонинот, е присутна во повеќе видови вкусна храна, а Симона наведува само неколку примери за секојдневна употреба:

  • Tофу: содржи големо количество од оваа аминокиселина. За да го внесеме, можеме да го комбинираме со јаглехидратите од интегрален леб, крекер или ориз.
  • Темно чоколадо: содржи доволно количество триптофан и јаглехидрат и затоа секој пат се чувствуваме убаво кога го јадеме.
  • Јаткасти плодови и семки: бадемите, индиските ореви, кикирките, оревите, како и семињата (семки од тиква, сончоглед и сусам) можат да придонесат за нашето расположение, а се многу лесни за вметнување во исхраната.
  • Песто: содржи јатки, а и босилек кој освен што позитивно влијае врз расположението, има и антимикробен ефект.

Повеќе информации на оваа тема може да погледнете во видеото: Серотонин во исхраната - YouTube

За тие, пак, кои немаат преголема желба или време за готвење и оние кои немаат потреба од поголемо количество храна, предлагаме одличен брз и здрав оброк. Дополнително, ова е одлична опција за ненајавени гости. Се работи за брускети од крекери и намаз - веганска комбинација која изобилува со многу растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали.

Погледнете тука како да ја подготвите оваа брза закуска: Брускети од крекери со намаз - YouTube

Био-намазот е одлична алтернатива за намаз во каква било комбинација. Направен е од сончогледово семе што може да го подобри нивото на енергија, срцевото здравје и да ги подобри симптомите на воспалителните процеси во телото.

На крајот, најважно е да запомнеме дека ние сме тие што влијаат врз нашето расположение. Затоа, кога имаме можност да го подобриме преку здравата исхрана, зошто да не почнеме да го практикуваме тоа?

Прочитајте повеќе корисни совети за исхраната, нутритивни факти и пронајдете брзи и лесни рецепти на веб-сајтот на dm!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20878 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.