Татковците ќе направат сè за да ги видат нивните ќерки среќни, без разлика на возраста.
Девојка, која преживеа тешка сообраќајна несреќа, сними сè што татко ѝ правеше за неа во деновите кога беше врзана на болничкиот кревет.
Сара Хетрик била на пат да стигне на планина во Монтана каде требало да планинари кога возач, кој возел во погрешна лента, се судрил со неа. Поради тешката повреда на ногата, таа го прослави 36-тиот роденден во болница, каде учела да оди повторно.
Нејзиниот татко, кој е доктор, во ниту еден момент не ја остави сама и го стави својот живот на пауза за да се погрижи за неа. Во знак на благодарност, Сара склопи слатко видео во кое опишува што сè направил тој за неа во трите недели додека била во болница.
„Тој вели дека не ми го спаси животот, но сигурна сум дека немаше да имам храброст да поминам низ ова искуство без неговата сила“ – напиша таа.
@sarahdhetrick He says he didn’t save my life, but I sure wouldn’t have had the courage to make it through this experience without his strength supporting me. My family dynamic hasn’t always been perfect, but I’ve been blown away at how much my family has sacrificed to be here for me during this weird turn of events. Each one of them dropped everything they had going on to come take care of me at a time I’ve been the most vulnerable and broken (literally) of my entire life. I realize not everyone has the convenience of having a dad who’s a doctor, but even still, my dad went above and beyond to care for me during my hospital stay (and after). My dad stayed on the phone with me while I was pinned in my car, scared I wasn’t going to make it. He was the first person I called after surgery when I was in pain and didn’t know what the outcome would be. He has answered every single ridiculous question my anxiety has been able to drum up. And he put his entire life on pause to let me come live with him and my stepmom for the next few months while I recover. I don’t deserve this kind of love. And I’m immeasurably grateful for it. As someone said at church, if this is how good our earthly fathers can be, imagine how loving our Heavenly Father is. “So if you sinful people know how to give good gifts to your children, how much more will your heavenly Father give good gifts to those who ask him.”Matthew 7:11 #daddysgirl #fatherdaughterlove #goodfather #hospitalstay #caraccident ♬ Backsound Puisi - Audiolist Productions
„Тој го фати првиот лет за да биде со мене во болницата откако беше буден цела ноќ, ми ја носеше поштата, отиде до местото на несреќата и ги спаси сите мои нешта од автомобилот, го даде најдоброто од себе за да ме насмее и покрај болката, ми ја организираше собата, ми носеше храна која не беше од болницата, ми помогна во интерпретацијата на рендгенските снимки, ми ја чистеше собата кога очајно имав потреба од тоа, ми одржа медицински лекции за работите кои не ги разбирав, ме носеше надвор за да истражувам, ме прегледуваше кога имав анксиозност за најмалите нешта, ми донесе најкул обувки, ги отвораше моите пакети, го снимаше и овековечуваше мојот напредок, координираше не едно, туку две роденденски изненадувања, ги распакува и спакува сите мои 10 куфери... ме однесе дома за да се грижи за мене во следните 3 месеци“ – стои во нејзиното видео.