Почетна » Новости » Занимливости » Со решавање на бизнис предизвик за брендот Аргета, до Харвардова HBX стипендија

Со решавање на бизнис предизвик за брендот Аргета, до Харвардова HBX стипендија

Кон крајот на месец ноември, или поточно 25 и 26 ноември, Дрога Колинска/Атлантик Група во соработка со Business Intelligence центарот организира меѓународен хакатон, каде што младите и амбициозни вработени, менаџери, претприемачи и претприемачки, ќе се натпреваруваат во решавање на бизнис предизвици за брендот Аргета. Врз основа на претставениот бизнис предизвик, учесниците ќе креираат нов продукт за брендот Аргета или ќе го преобликуваат постоечкиот.

Argeta

Меѓународниот бизнис хакатон е меѓународен бизнис маратон, натпревар на поединци распоредени во групи, кои решаваат бизнис предизвици. Во светот т.н. хакатоните се пред сè познати како IT хакатони, каде што група на IT стручњаци во два дена се обидуваат да решат различни предизвици или пронаоѓаат нови решенија. Facebook Like копчето е баш создадено на хакатон. Меѓународниот бизнис хакатон оди чекор понапред – натпреварувачите ќе бидат бизнисмени, млади менаџери, претприемачи и претприемачки од целата Југозападна и Западна Европа и ќе решаваат бизнис предизвици, односно т.н. business case-ови, распоредени во меѓународни групи од по 4-5 учесници.

Групата што ќе го реши најдобро бизнис предизвикот, односно ќе предложи најдобро решение, ќе биде победник на натпреварот, каде што ќе добие врвни награди: Харвардова HBX стипендија, 2000€ парична награда, MBA Entrepreneurship модул и богата вреќичка со подароци од Аргета - Дрога Колинска/Атлантик Група!

Argeta

Пријава на потенцијалните учесници е можна до крајот на оваа недела на следниов линк: http://business-hackathon.com/en/argeta-hackathon/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19715 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.