Почетна » Новости » Занимливости » Скапоцен спомен: Наместо говор, татко компонираше и отпеа емотивна песна за ќерката на нејзината свадба

Скапоцен спомен: Наместо говор, татко компонираше и отпеа емотивна песна за ќерката на нејзината свадба

Наместо да одржи традиционален говор на свадбата на ќерка си, Луи Окампо компонираше и отпеа емотивна балада која никого не остава рамнодушен.

Филипинскиот композитор, кој најдобро се изразува преку музиката, ги расплака сите присутни со својата балада „Baby Steps Trough Time“ (Бебешки чекори низ времето). Песната е посветена на неговата ќерка Берти.

Окампо

Невестата не можеше да ги задржи солзите-радосници кои ѝ се слеваа по лицето додека татко ѝ пееше. Видеото од овој момент стана хит на TikTok со повеќе од милион допаѓања.

@bertsplace_ Not a dry eye in the house Please excuse the ugly crying! Love you so much dad #weddingsong #fatherdaughter #surprisesong #fatherofthebride #weddingtok #2025bride #slippingthroughmyfingers ♬ original sound - Bertie
Окампо

„Бев преплавена од емоции. Ме врати во моето детство, кога го слушав како свири на пијано со часови, исполнувајќи го нашиот дом со музика. Благодарна сум што имам татко како него.“

„На свадбата, татко ми рече дека е човек кој не зборува многу, но дека останатото го прави неговата музика. Затоа наместо традиционален говор, татко ми ми напиша песна со текст од мојата кума.“

„Немаше суво око во собата. Сите гости со кои разговарав ми рекоа дека или беа на работ да заплачат или дека плачеле. Можев да ги почувствувам емоциите и љубовта во воздухот“ – рекла пресреќната невеста.

Окампо Окампо
@bertsplace_ magical moments with dad #fatherdaughterdance #fatherdaughter #fatherofthebride #weddingtok #2025bride ♬ Sound by old movie_edits - Tori

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 22767 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.