Почетна » Новости » Занимливости » Сијамски близнаци кои биле споени со стомакот конечно си заминаа дома по успешната операција за раздвојување

Сијамски близнаци кои биле споени со стомакот конечно си заминаа дома по успешната операција за раздвојување

Сијамски близнаци конечно си заминаа дома кај семејството, 13 дена по нивниот прв роденден, благодарение на успешната операција за раздвојување.

Џавар и Амари се родија во септември минатата година, споени со стомакот. Сега, нивни родители Тим и Шанека се пресреќни што ги гледаат своите бебиња дома, во различни креветчиња.

„Патувањето беше долго... беше нереално и сега ми олесна и се чувствувам благословено“ – рекол Тим.

Сијамски близнаци Сијамски близнаци Сијамски близнаци

Шанека, која веќе имала две деца, дознала дека носи сијамски близнаци кога била во 12-тата гестациска недела. Дотогаш мислела дека носи само едно дете.

„Не знаевме каде да одиме оттаму, бидејќи никогаш го немавме искусено ова. Имаше многу солзи. Првото нешто што ни рече специјалистот беше да ја прекинеме бременоста“ – рекла таа.

Откако побарале второ мислење, им било кажано дека близнаците ќе можат да бидат успешно раздвоени по раѓањето. Поради многуте проблеми, на Шанека ѝ било тешко да се поврзе со бебињата и по породувањето таа побарала помош поради постпородилна депресија.

„Тешко е да се помине низ бременост и да не знаете дали ќе имате бебето на крајот, па дури и дали вие ќе издржите до крајот. Не се поврзав веднаш со бебињата. Чувствувам дека тоа е нешто за коешто не се зборува многу“ – рекла таа.

Сијамски близнаци Сијамски близнаци Сијамски близнаци Сијамски близнаци

Со помош на болницата и со соодветна терапија, мајката ја доби соодветната помош за сега да може да им се посвети на своите бебиња.

Операцијата за раздвојување траела 8 часа и била планирана 10 месеци. За време на хируршкиот зафат, абдомените на момчињата биле затворени со помош на техники од пластичната хирургија. Докторите дури им направиле слатки папочиња на двете бебиња.

„Чувството да се види секое од нив во своето креветче беше неверојатно.“

„Џавар е смешко и сака да гледа сè што се случува. Амари спие многу додека Џавар е разбуден и сака многу внимание за да заспие. Амари дури и спиеше во текот на породувањето“ – рекла мајката.

Сијамски близнаци Сијамски близнаци Сијамски близнаци Сијамски близнаци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.