16-годишниот танчар од Гостивар по петти пат стана светски шампион во модерен танц. Талентираното момче го освои златниот медал во категоријата „Импровизации во уметнички настап“ (Performing Arts Improvisation).
На Светското првенство во Келце, Полска, учествуваа танчари од 75 земји.
Видео од настапот и фотографии објавија од студиото BREAK A LEG.
Пред две години, Анди настапи на „Суперталент“ во Хрватска и тогаш откри дека во минатото бил исмејуван затоа што танцува. За среќа, тој не дозволи тоа да се одрази негативно на него. Напротив, го направи уште посилен, а златниот медал е доказ за тоа.
„Ме направи посилен. Поради тоа сум подобра и посилна верзија од себе“ – рече тогаш талентираниот гостиварец.