Почетна » Новости » Занимливости » „Се надевам дека ќе ти покажам што значи вистинска љубов“: Емотивно ветување на младоженец за малата поќерка

„Се надевам дека ќе ти покажам што значи вистинска љубов“: Емотивно ветување на младоженец за малата поќерка

Емотивен свадбен момент топли срца ширум светот. Видеото од младоженец, кој ѝ дава емотивно ветување на малата поќерка, ни вам нема да ве остави рамнодушни.

Во него, очувот клекува на едно колено и покрај трогателните зборови, тој ѝ подарува прстен на малото девојче.

„Еден ден ти ќе стоиш тука, носејќи убав фустан исто како мама. Дотогаш се надевам дека ќе ти покажам што значи вистинска љубов и се надевам дека ќе ти покажам со каков маж заслужуваш да се омажиш. Ветувам дека секогаш ќе верувам во тебе, секогаш ќе ги поддржувам твоите соништа. Ветувам дека секогаш ќе ти ја држам раката и ќе чекорам покрај тебе. Ветувам дека никогаш нема да бидеш сама бидејќи секогаш ќе го имаш твојот очув“ – ѝ рече тој. Слатката Отум не можеше да си ги задржи солзите.

„Ова сме ние. Сумирано во една фотографија. Љубовта, смеата и нашата среќа до крајот на животот. Кога некој друг може да ја насмее така, знаеш дека си го направила вистинскиот избор“ – напиша мајката во описот на заедничка фотографија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.