Учителка им подари на своите ученици подароци кои ќе ги ценат засекогаш.
Сара Шабир сакала да им даде на децата нешто специјално по кое ќе го паметат времето поминато заедно. Затоа, таа со свои раце сплете мини верзии од секој ученик од нејзиниот клас и им ги подари на завршувањето на трето одделение. Децата биле пресреќни кога ги виделе плетените кукли.
„Чувствувам огромно постигнување со завршувањето на овој проект. Сè вредеше кога ја видов радоста кај децата кога ги видоа“ – напиша таа на Instagram.
Родител на една од ученичките сподели фотографија која стана вирален хит.
„Таа сплете мини верзии од секое дете од класот... дури и нивните фризури и алиштата се полн погодок. Каква легенда“ – пишува во постот.
На Сара ѝ биле потребни по околу 8 часа за секоја од 30-те кукли, што е вкупно 240 часа за сите.
„Тешко беше да се погодат вистинските тонови на кожата и на косата, како и стиловите. Сè вредеше“ – рекла таа.
„Учениците беа шокирани и изненадени. Започнаа да им ја чешлаат косата и да си играат со нив, што беше прекрасно за гледање. Беа благодарни“ – додала таа.