Пилотката Холи Петит имаше уникатно искуство – ја делеше пилотската кабина со својата ќерка Кели.
Овие две храбри жени кои напорано работеле да седнат на пилотските столчиња се доказ дека трудот секогаш се исплаќа и сега заеднички испишуваат историја. Тие го пилотираа летот од нивниот роден град Денвер до Сент Луис и привлекоа големо внимание кај патниците.

Холи е пилот за компанијата Southwest Airlines, а кариерата ја започнала како стујардеса за друга авио-компанија. Откако сфатила дека сака да биде пилотка, се фокусирала на изучување на оваа несекојдневна професија. Додека земала часови за летање и се трудела да ги добие потребните сертификати и лиценци, Холи се грижела и за трите деца. Со огромна помош од сопругот и мајка ѝ, таа успева да го реализира својот сон и да стане пилотка.
Нејзината ќерка Холи растела со екипажот на авионската компанија, а подоцна станала и дел од него. На само 14 години, таа сфатила дека сака да ги следи стапките на мајка си и да стане уште една жена-пилот.

„Сонот стана реалност. Најпрво, ја најдов мојата вокација и се вљубив во неа и потоа едно од моите деца се вљуби во истата. Неверојатно е!“– вели Холи.
Холи и Кели не само што имаат заедничка професија и невообичаен подвиг, туку тие ги рушат стереотипите и ги охрабруваат жените без разлика на возраста да ја следат својата страст кога во прашање е кариера во авијацијата.

