Блогерка испраќа моќна порака до своите фанови – да престанат да се споредуваат со другите луѓе и да се сакаат онакви какви што се.
Мик Зејзон се има соочено со неколку нарушувања во исхраната и добро знае како е да се биде опседнат со туѓото мислење, но сега е среќна што конечно го прифати својот изглед.
Минатата година, таа го започна движењето на социјалните мрежи „Нормализирање на нормалните тела“ и поттикна многу жени да се ослободат од несигурностите кои ги имаат за изгледот. Мик гордо го покажува своето тело во реално светло за да ги охрабри жените да го направат истото.
26-годишната фитнес блогерка, која на Instagram ја следат повеќе од 1 милион лица, сподели факт кој ѝ го променил животот: „Само 5% од луѓето имаат тело како она со кое се споредувале на социјалните мрежи“.
Отсекогаш сум имала комплекси за моите широки рамена, бидејќи и мајка ми имала за нејзините.
Во средношколските денови, јадев бадеми за ручек, бидејќи мојата најдобра пријателка, која беше послаба, јадеше бадеми за ручек.
Првата диета ја држев на 16 години, бидејќи една од моите пријателки, која беше иста големина како мене, држеше диета и ослабе 5 килограми.
Мислев дека сум грда, бидејќи филмовите секогаш ги исмејуваа луѓето со акни, а јас имав акни.
Не јадев јаглехидрати по 17 часот, бидејќи натпис на Pinterest ми рече дека ќе се здебелам ако јадам.
Колку повеќе живеев како сите други, толку повеќе станував несреќна и губев допир со самата себе. Толку повеќе сфаќав дека она што нè учат дека е дисциплина, можеби е нарушување.
Тогаш наидов на еден факт кој навистина ми го промени животот: Само 5% од луѓето имаат тело како она со кое се споредувале на социјалните мрежи.
Одбивам да верувам дека останатите 95% од нас, оние кои изгледаме различно, сме грди или дека не сме нормални. Јас сум убава. Јас сум различна. И тоа е кул.
Да ги нормализираме нормалните тела.
Според Мик, слободата на умот е најважното нешто во животот. Таа постојано укажува на важноста на физичката активност, но ги советува луѓето да не се опседнуваат со одреден тип на тело.
„Ова движење е мој начин да ги потсетам луѓето да се покажуваат онакви какви што се. Не мора да се соберете во определен калап или категорија за да се чувствувате комфорно и самоуверено во вашата кожа. Сите тела се нормални тела“ – вели Мик.
Таа има свој YouTube канал каде споделува фитнес видеа.