Почетна » Новости » Занимливости » „Сакам да знаат дека беа сакани дури и пред да се родат“: Жена со АЛС се снима како чита приказни за идните внуци

„Сакам да знаат дека беа сакани дури и пред да се родат“: Жена со АЛС се снима како чита приказни за идните внуци

Жена со амиотрофична латерална склероза (АЛС) пронајде креативен начин како да им чита приказни на внуците кои допрва треба да се родат.

Загрижена дека нејзината здравствена состојба ќе се влоши и дека ќе ја изгуби способноста да зборува, Дела Ларсен се снимала како им чита прекрасни бајки на идните внучиња.

Дела

Таа смисли начин како сликовниците да бидат поврзани со QR код кој при скенирање ќе ги води до видеото во кое нивната баба ќе им ја чита избраната приказна.

„Сакам да знаат дека беа сакани уште пред да се родат. Знам дека не е исто како да држиш дете во скутот, но можам да ви гарантирам, моите раце сè уште ќе бидат околу нив“ – изјавила Ларсен, која со сопругот имат три деца.

Дела

59-годишната жена ја доби дијагнозата во април 2023 година. АЛС е болест која влијае на моторните нервни клетки на една личност, попречувајќи ја способноста на мозокот да ги контролира движењата на мускулите. Болеста може да предизвика различни симптоми, вклучувајќи нејасен говор и гласовни промени.

Дела

Најтешкиот дел од борбата со болеста за Дела било што нема да може да минува време со своите внуци. „Отсекогаш се замислував како им правам кампови, како боиме камења, како создаваме играчки... Пред да ми биде поставена дијагнозата, јас бев учителка во градинка, па помислата дека нема да можам да им читам приказни ми го крши срцето. Со снимањето ќе можат да ме слушаат како им читам“ – признала Ларсен.

@dellas.als.journe ALS is stealing my ability to be a grandma, but i have an idea to ensure my grandkis “know” me. #als #alsawareness #cureals #end #livingwithals ♬ original sound - Della’s ALS journey
Дела
@dellas.als.journe As an a person living with ALS i have 2 jobs. First do not fall! And second dont lose weight! Can you say ice cream? #als #alsawareness #cureals #endals #livingwithals ♬ original sound - Della’s ALS journey
@dellas.als.journe Banking my voice #als #alsawareness #cureals #end #livingwithals ♬ original sound - Della’s ALS journey

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.