Почетна » Новости » Занимливости » „Рацете ми се полни, но и срцето ми е полно“: Писмо на мајка на три девојчиња за огромната љубов кон децата

„Рацете ми се полни, но и срцето ми е полно“: Писмо на мајка на три девојчиња за огромната љубов кон децата

Мајка на три девојчиња напиша сладок текст за огромната љубов на родителите кон нивните деца.

Даниела Шерман-Лазар признава дека мајките имаат премногу обврски додека се грижат за своите малечки, но дека тоа е вистински благослов и привилегија.

Деца Деца

„Рацете ти се полни“– ова го слушам секаде каде што одам.

Бидејќи, да, моите деца се однесуваат како деца. Гласни се на места каде што луѓето претпочитаат да бидат тивки. Некоја од нив постојано е немирна, удира нешто или се кара со сестра си.

Точно е дека едно од децата секогаш има потреба од нешто и дека јас сум постојано на нозе.

Слушам „Мамо. Мамо. Мамо. Мамо. Мамо“ толку многу пати на ден, што во одреден момент ми станува како бел шум.

Постојано се прашувам дали добро се справувам.

Во најголемиот дел од деновите, едвај чекам да дојде ноќ за да си легнам во креветот. Секогаш сум преморена и заборавена.

Но, ги избирам овие деца и овој живот. Ги избирам повторно и повторно и повторно... Премногу ги сакам моите деца.

Да, рацете ми се полни, но и срцето ми е полно. Полните раце се благослов и привилегија, најмногу поради тоа што, фала Богу, не се празни.

Даниела постојано ги повикува родители да им дадат поголема слобода на децата за тие да се однесуваат баш како деца. На сите останати им советува дека и хаотичните и немирните деца се дел од општеството и треба да бидат прифатени. Всушност, тие се токму онакви какви што би требало да бидат.

Деца

Дозволете им на децата да бидат деца.

Кога сме во ресторан и нашето нетрпеливо дете ќе истури пијалак, излевајќи го врз сестра си која вреска...

Тоа се деца кои се однесуваат како деца.

Кога сме во продавница и едно од нашите деца ќе се фрли на подот затоа што сум рекла дека не може да добие крофна во 9 часот наутро...

Тоа се деца кои се однесуваат како деца.

Кога сме на базен и децата се прскаат, па ќе те наводенат, или пак, ќе те удри по глава топката со која играат...

Тоа се деца кои се однесуваат како деца.

Децата не би требало да се тивки, мирни и уредни.

Тие се неуредни благослови кои исто така се дел од општеството.

Како родители, даваме сè од себе за да ги научиме да почитуваат и да бидат љубезни. Но, тие не се совршени и сè уште учат.

Понекогаш ќе врескаат кога си играат, ќе бидат грозни или ќе си играат со кал и црвја. Ќе се смеат гласно за време на вечерта, а понекогаш и премногу гласно. Дозволете им да трчаат наоколу како луди и да си ги исфлекаат алиштата. Искрено, тоа и би требало да го прават.

ТИЕ ИМААТ ПОТРЕБА ДА БИДАТ ДЕЦА.

Дозволете им на децата да бидат свои и да уживаат во светот околу нив.

Дозволете им на децата да бидат деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.