Луксузна свадба во Камбоџа, на која невестата блесна во две венчаници, ќе ве одушеви.
Бајковита сцена беше создадена за свадбата на Чет Пен и Дин Инг, која е ќерка на камбоџански политичар. Покрај неколкуте модели на традиционална облека, убавата невеста блесна и во две прекрасни венчаници од либанските дизајнери Ели Сааб и Зијад Накад.
Фустанот со пердуви е дело на Сааб, додека оној во пастелни нијанси со геометриски форми е дело на Накад.
Море од цветови, џиновска торта во форма на замок и специјални ефекти ги исполнија фантазиите на младенците за незаборавна прослава.
На свадбата присуствуваше и премиерот на Камбоџа, Хун Сен.