Ранко Рајовиќ редовно ги информира родители за најновите истражувања поврзани со развојот и работата на мозокот кај децата, како и за важноста на различните активности и игри на рана возраст.

Докторот од Белград е специјалист по интерна медицина, невроендокринолог и професор на Факултетот на Педагошкиот факултет во Љубљана. Во неодамнешно интервју, тој зборуваше за важноста на движењето за развојот на мозокот особено во периодот од 7-мата до 12-тата година од животот. Тој вели дека родителите не треба да ги спречуваат децата да се движат во ниту еден момент од нивниот развој:
„Првото вистинско движење се случува кога детето ќе започне да лази. Тоа одеднаш го притиска подот со дланките и тоа се случува за првпат, да го притиска подот со целата дланка. А кој не му дава на детето да лази? Мама и тато. Кога ќе ги прашам зошто, тие ми велат да не земе нешто од подот и да го стави во уста или затоа што можеби има вируси или бактерии или нешто трето. Но, таа положба кога лазат е многу важна, бидејќи мозокот има точно утврдени етапи на развој и ако нешто прескокнеме, не можеме да го вратиме“ – вели Ранко.

Професорот под движење не подразбира само одење, туку секаков тип на движење на телото.
„Кога зборувам за движење, не мислам само на одење. Мрдање на главата лево-десно, скокање, трчање, работа со раце, па и џвакање храна, сите тие се врсти на движење. Ако детето не го направило сето тоа кога требало, нема да постојат некои милијарди импулси“ – објаснил тој.
„Се сеќавам кога Ива беше мала и лазеше по цел стан, а јас морав да учам. Па кој ќе одеше по неа цело време? Затоа ѝ направив простор за движење, со помош на троседот, двоседот и фотелјата ѝ направив територија. Ја сместив внатре да ми биде пред очи и ѝ дадов две-три работи за да не ѝ е досадно. Таа таму лазеше. Меѓу останатото ѝ фрлив и топка и препреки до топката. Тука беше и мајка ми и кога виде дека Ива се обидува да ја дофати топката, брзо-брзо ѝ ја подаде. Вели да не се мачи детето. Тогаш јас го направив спротивното и ја врзав топката со конец. Таман кога Ива за малку ќе ја фатеше, јас ја повлекував, а таа повторно се обидуваше да ја дофати, а јас повторно повлекував“ – рекол Ранко, кој уште тогаш имал сфатено дека е подобро детето малку да се помачи отколку сè да добива веднаш.
„Истото важи за сè во животот. Затоа, немојте на детето во сè да му помагате. Малку покажете му, па оставете го. Не е тоа никакво мачење“ – додал тој.
Откако детето ќе научи да оди, на ред доаѓа скокањето, но најголем дел од родителите ги спречуваат децата да скокаат, плашејќи се да не се повредат. Тоа според Ранко е погрешно.
„Зошто е важно скокањето? Кога детето скока, сите мускули работат и мозокот сето тоа го контролира. Таа врста на движење е многу важна. А кој не им дава на децата да скокаат? Па родителите.“
„Вие точно можете да видите кога родителот го држи детето за рака и се приближуваат до некои вирчиња, родителот го влече детето подалеку да не случајно скокне во барата. А кој ни бранеше нас да скокаме во барите? Па нека скокаат! Оставете ги! Ако сакаат да скокаат по сламата, по песокот, оставете ги! Најмногу треба да скокаат во природа... Во плиткото, во сламата, во песокот...“ – рекол тој.

Зборувајќи за важноста на движењето, Ранко ги истакна камповите каде децата со часовник на раката кој брои километри без форсирање и притисоци минуваат по 20 и нешто километри дневно. „И тоа се деца од шест години. Тоа е тоа движење кое ним им е потребно“ – рекол Рајовиќ, додавајќи:
„Се сеќавам дека една година, во последната смена од кампот, имаше девојче од 8 години. Имавме работилница во природа, децата седеа и пишуваа. Таа прва ја заврши задачата, па стана, ги гледаше и за тоа време направи два круга околу групата пред следната задача. Потоа повторно заврши прва и повторно направи уште два круга. По третата задача ѝ здодеа да шета, па започна да трча. Син ми Вук предложи следниот ден да ѝ ставиме часовник за да видиме колку километри ќе помине. Помина 35. А како ви изгледало тоа во школо? „Седи тука, немој да мрдаш, имаш одмор, истрчај се, на што личи ова, да дојде мајка ти“... Но, потреба на детето е да се движи. И ние мораме тоа да им го обезбедиме. Најголемата животна енергија ни е дадена од 7-мата до 12-тата година токму за да се движи и развива мозокот.“
„Ако детето поминува по 3 километри дневно, што мислите, каде е целата таа енергија која тоа ја има природно? Па во него. И дали ќе може да заспие во 9 часот навечер? Па нормално дека не може. А потоа родителите го успиваат детето. Тоа е прв знак дека тоа нема доволно движење. Нека се сетат родителите кој не заспиваше нас? Никој. Цртани, вечера, легнувавме, заспивавме за 5 минути. Затоа што ја трошевме енергијата. Не мораше никој да нè заспива час или два часа како што денешните родители ги успиваат децата.“
„Важно е да се каже дека ова е нов проблем. Намаленото движење и сè послабите моторички и когнитивни способности на децата се проблем во последните десет години. А тогаш дали може решението да го бараме во начинот на работа и во книгите од пред 20-30 години? Јасно е дека не можеме. Затоа мораме новите знаења многу брзо да ги анализираме, да ги вклучиме во работата и да им помогнеме на децата што побрзо.“
Извор: Зелена учионица

