Почетна » Новости » Занимливости » Пријателство посилно од сè: Невеста ја посети другарка ѝ која се породи и не можеше да отиде на свадбата

Пријателство посилно од сè: Невеста ја посети другарка ѝ која се породи и не можеше да отиде на свадбата

Некои пријателства траат вечно и не се забораваат во ниту еден момент од животот. Такво е пријателството на Ариел и Кристин.

Кристин била принудена да ја пропушти свадбата на Ариел, бидејќи штотуку се породила и морала да остане во болница покрај бебенцето. Но, Ариел не дозволи нејзината другарка да не ја види во венчаница на најважниот ден од нејзиниот живот.

Среќната невеста пред прославата отиде во болницата каде што лежела Кристин и ѝ приреди емотивно изненадување. Појавувајќи се на вратата од нејзината соба, Ариел ја израдува Кристин до солзи.

Кристин и Ариел

Погледнете го емотивниот момент:

Кристин требало да биде една од деверушите на свадбата на Ариел. Тие се познаваат од малечки и нивното пријателство трае речиси две децении.

„Тоа што го направи Ариел покажува колку е несебична како личност и дека нашата врска ѝ е толку важна, што буквално оддели време од нејзината свадба за да дојде и да ме види во болничкиот кревет“ – изјавила Кристин.

„Таа ми е најдобра пријателка, сестра и сродна душа. Не можев да си замислам да не го споделам тој момент со неа“ – низ емоции изјавила невестата.

Кристин и Ариел Кристин и Ариел Кристин и Ариел Кристин и Ариел Кристин и Ариел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.